За GPS
Глобалниот систем за
позиционирање (GPS) е управуван од
Владата на Соединетите Држави, која
е единствено одговорна за точноста и
одржувањето на системот. На
точноста на податоците на
локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите
кое го прави Владата на Соединетите
Држави и е предмет на промена со
политиката за цивилен GPS на
Министерството за одбрана на
Соединетите Американски Држави и
Федералниот Радио-навигационен
план. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на
сателитите. На достапноста и
квалитетот на GPS сигналите може да
влијае и Вашата околина, згради,
природни пречки како и временските
услови. GPS сигналите може да не се
достапни во внатрешноста на згради
или под земја и може да бидат
попречени од материјали како што се
бетон или метал.
GPS не треба да се користи за
прецизни мерења на локации, и не
треба никогаш да се потпирате
единствено на податоците за
локацијата од GPS приемникот и на
мобилните радио мрежи за
позиционирање или навигација.
Мерачот на патот има ограничена
точност и може да се појават грешки
при заокружување. На точноста исто
така може да влијае и достапноста и
квалитетот на GPS сигналите.
Позиционирање (GPS) 101
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
Координатите во GPS се изразени со
помош на меѓународниот
координативен систем WGS-84.
Достапноста на координатите може
да варира во зависност од регионот.