Гласовно бирање
Вашиот уред поддржува подобрени
гласовни команди. Подобрените
гласовни команди не се зависни од
гласот на говорникот, па така нема
потреба да снимате гласовни ознаки
однапред. Уредот креира гласовна
ознака за записите во контакти и го
споредува изговорениот гласовен
запис со записот. Препознавањето на
говор во уредот се адаптира на гласот
на главниот корисник за подобро да
ги препознава гласовните команди.
Гласовниот запис за некој контакт е
името што е зачувано за контактот.
За да го слушнете синтетизираниот
гласовен запис, одберете некој
контакт и
Options
>
View details
>
Options
>
Voice tag details
>
Options
>
Play voice tag
.
42 Остварување на повици
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
Забелешка: Користењето на
гласовни ознаки може да биде тешко
во бучно опкружување или за време
на итен случај, затоа не можете да се
потпрете исклучиво на гласовно
бирање во сите околности.
Остварете повик со гласовен запис
Кога го користите гласовното
бирање, се користи звучникот.
Држете го уредот на кратко
растојание кога ќе го изговорите
гласовниот запис.
1 За да започнете гласовно бирање,
во почетниот екран, притиснете и
задржете го десното копче за
одбирање. Ако на копчето за
слушалки се прикачени
компатибилни слушалки,
притиснете и задржете го копчето
за слушалки за да започнете со
гласовно бирање.
2 Се слуша краток тон, и
Speak now
се покажува на екранот. Јасно
изговорете го името кое што е
зачувано за контактот.
3 Уредот репродуцира
синтетизиран гласовен запис за
препознаениот контакт, и се
покажува името и бројот. Ако не
сакате да го повикате тој контакт,
одберете друг контакт од листата
на совпаѓања во рок од 2,5
секунди, или за да откажете,
одберете
Quit
.
Доколку се зачувани неколку броеви
за име, уредот го одбира
стандардниот број, ако тој е
дефиниран. Во спротивно, уредот го
одбира првиот достапен број во
картичката за контакт. Исто така
можете да го кажете името и видот на
телефонски број, како што се
мобилен или домашен.