Употреба на тастатурата
1 Копче за функција
2 Shift копче
3 Копче за симбол (Sym)
4 Backspace копче
5 Enter копче
6 Ctrl копче
Префрлување помеѓу различните
големини на букви
За да менувате помеѓу режимите на
големи и мали букви, притиснете го
shift копчето два пати. За да внесете
една голема буква во режим на мала
буква или обратно, притиснете го
shift копчето еднаш и потоа
соодветното копче од азбуката.
Вметнување на број или на
посебен знак означен на копчето
Притиснете го копчето за функција и
потоа притиснете го соодветното
копче од азбуката или притиснете и
задржете го само копчето од
азбуката. За да внесете неколку
специјални знаци по ред, притиснете
го копчето за функција набрзина
двапати, и потоа притиснете ги
саканите копчиња од азбуката. За да
се вратите во нормалниот режим,
26 Основна употреба
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
притиснете го копчето за функција
еднаш.
Вметнување посебен знак што не е
на тастатурата
Притиснете го sym копчето и
одберете и некој знак.
Вметнување буква што не е на
тастатурата
Можно е да се внесат варијации на
букви, на пример, букви со акценти.
На пример, за да внесете á,
притиснете и задржете го sym
копчето, и истовремено притиснете
го А копчето од азбуката
последователно, сè додека саканиот
знак не се појави. Распоредот и
достапноста на буквите зависат од
одбраниот јазик на пишување.
Вметнување на смешковци
Притиснете го sym копчето и
одберете некој смешко. Смешковците
се достапни само за текстуални и
мултимедијални пораки.
Совет: За да додадете неодамна
користени посебни знаци, додека го
притискате и задржувате на ctrl
копчето, притиснете го sym копчето и
од менито што се појавува одберете
го знакот.
Копирање и испуштање текст
1 Притиснете и задржете го shift
копчето и скролувајте за да го
означите текстот што сакате да го
копирате.
2 Притиснете ctrl + C.
3 Одете до местото каде што сакате
да го залепите текстот и
притиснете ctrl + V.
Промена на јазикот на пишување
или активирање на
предвидливото внесување на
текст
Одберете
Options
>
Input options
.