За методите на позиционирање
Мапите ја прикажуваат Вашата
локација на мапата со помош на
позиционирање врз основа на GPS, A-
GPS или идентификација на ќелија
(cell ID).
Глобалниот систем за
позиционирање (GPS) е сателитски
навигациски систем наменет за
пресметување на Вашата локација.
Assisted GPS (A-GPS) е мрежна услуга
која Ви испраќа GPS податоци, со што
се подобрува брзината и точноста на
позиционирањето.
При прво користење на Мапите, ќе
биде побарано да одредите
пристапна точка на интернет за
110 Мапи
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
преземање податоци од мапите или
користење на A-GPS.
означува достапност на
сателитски сигнали. Една лента е еден
сателит. Кога уредот бара сателитски
сигнали, лентата е жолта. Кога има
доволно податоци за пресметување
на Вашата локација, лентата станува
зелена. Колку повеќе зелени ленти
има, толку е посигурна пресметката
на локацијата.
Глобалниот систем за
позиционирање (GPS) е управуван од
Владата на Соединетите Држави, која
е единствено одговорна за точноста и
одржувањето на системот. На
точноста на податоците на
локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите
кое го прави Владата на Соединетите
Држави и е предмет на промена со
политиката за цивилен GPS на
Министерството за одбрана на
Соединетите Американски Држави и
Федералниот Радио-навигационен
план. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на
сателитите. На достапноста и
квалитетот на GPS сигналите може да
влијае и Вашата околина, згради,
природни пречки како и временските
услови. GPS сигналите може да не се
достапни во внатрешноста на згради
или под земја и може да бидат
попречени од материјали како што се
бетон или метал.
GPS не треба да се користи за
прецизни мерења на локации, и не
треба никогаш да се потпирате
единствено на податоците за
локацијата од GPS приемникот и на
мобилните радио мрежи за
позиционирање или навигација.
Мерачот на патот има ограничена
точност и може да се појават грешки
при заокружување. На точноста исто
така може да влијае и достапноста и
квалитетот на GPS сигналите.
При позиционирање врз основа на
идентификација на ќелија (cell ID),
положбата се одредува преку
антенската кула со која Вашиот
мобилен уред е моментно поврзан.
Во зависност од достапната метода на
позиционирање, точноста на
позиционирањето може да варира од
неколку метри до неколку
километри.
Мапи 111
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.