
Далечински SIM режим
Пред далечинскиот SIM режим да
може да се активира, двата уреда
мора да бидат спарени, а
спарувањето мора да биде започнато
од другиот уред. Кога ги спарувате,
употребете го 16-цифрениот код за
влез, а потоа прилагодете го другиот
уред како овластен.
За да го користите далечинскиот SIM
режим со компатибилен сет за во
автомобил, активирајте ја Bluetooth
конективноста и овозможете ја
употребата на далечинскиот SIM
режим со Вашиот уред.
Активирајте го далечинскиот SIM
режим од другиот уред.
Кога далечинскиот SIM режим е
вклучен во Вашиот уред,
Remote SIM
mode
се прикажува на екранот во
standby режимот. Конекцијата со
безжичната мрежа е исклучена, како
што покажува во областа за
индикаторот за јачина на сигнал и не
можете да ги користите услугите и
функциите на SIM картичката кои што
бараат покриеност на мобилна
мрежа.
Кога безжичниот уред е во
далечинскиот SIM режим, можете да
користите само компатибилни
поврзани додатоци, како што е сет за
во автомобил, за да остварувате и
примате повици. Додека сте во овој
режим, Вашиот безжичен уред нема
да остварува никакви повици, освен
кон итните броеви програмирани во
82 Конективност
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

Вашиот уред. За да остварувате
повици со Вашиот уред, мора да го
напуштите далечинскиот SIM режим.
Ако уредот е заклучен, внесете го
кодот за заклучување за да го
отклучите.
За да го напуштите далечинскиот SIM
режим, притиснете го копчето за
вклучување и одберете
Exit remote
SIM mode
.