За домашна мрежа
Со домашна мрежа можете да
споделувате и синхронизирате медиа
датотеки во Вашиот мобилен уред со
други уреди, како што се компјутер,
систем за озвучување или телевизор.
Исто така можете да гледате и
репродуцирате медиа датотеки од
други домашни мрежни уреди на
Вашиот уред или на други
компатибилни уреди. На пример,
можете да репродуцирате музика
зачувана во Вашиот уред користејќи
го домашниот стерео систем со
сертификат од Digital Living Network
Alliance (DLNA), со контрола на
листата на песните и нивото на јачина
на звук директно од Вашиот уред.
Вашиот уред е компатибилен со
Universal Plug and Play (UPnP) со
сертификат од Digital Living Network
Alliance. Можете да креирате
домашна мрежа со безжична LAN
(WLAN) пристапна точка на уредот
или рутерот. Исто така можете да
поврзете компатибилен вклучен
WLAN и со сертификат од DLAN на UPnP
уредите во мрежата.
Примери на компатибилни уреди
•
Мобилен уред
•
Компатибилен компјутер
•
Телевизор
•
Стерео систем
•
Компатибилен безжичен
мултимедиски приемник, поврзан
со систем за озвучување
Исто така можете да ги зачувувате
Вашите медиски датотеки до сервер
на датотеки или да повраќате
84 Конективност
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
медиски датотеки од компатибилен
домашен сервер.
За да ја користите WLAN функцијата
на Вашиот уред во домашна мрежа,
мора да имате WLAN домашна
конекција што работи.
Домашната мрежа ги користи
безбедносни прилагодувања на WLAN
врска. Користете ја услугата за
домашна мрежа во WLAN мрежна
инфраструктура со уред за WLAN
пристапна точка и вклучена
енкрипција.