Информации за сертификација (SAR)
Овој мобилен уред ги исполнува упатствата за
изложеност на радио бранови.
Вашиот мобилен уред е радио предавател и примател.
Тој е дизајниран да не ги надмине ограничувањата за
изложеност на радио бранови препорачани со
меѓународните упатства. Упатствата се развиени од
независната научна организација ICNIRP и вклучуваат
безбедносни граници поставени за да се осигура
безбедноста на сите лица, без оглед на возраста и
здравјето.
Упатствата за изложеност кај мобилните уреди користи
единица мерка позната како Специфична Апсорпциона
Стапка или SAR. Ограничувањето за SAR наведено во
упатствата на ICNIRP е 2,0 вати/килограм (W/kg) во
просек на 10 грама ткиво. Тестовите за SAR се
изведуваат со користење стандардни оперативни
позиции при што уредот предава на највисокото
сертифицирано ниво на енергија во сите тестирани
фреквенциони должини. Вистинското ниво на SAR на
уред кој работи може да биде под максималната
вредност бидејќи уредот е дизајниран да ја користи
само енергијата потребна да се допре до мрежата. Таа
количина се менува во зависност од бројни фактори
како што е колку блиски сте до мрежната базна
станица.
Највисоката дозволена SAR вредност кога уредот се
употреба на уво според ICNIRP е 0,99 W/kg.
Употребата на додатоци за уредот може да резултира
со различни SAR вредности. Вредностите на SAR може
да се разликуваат во зависност од националните
барања за известување и тестирање и од брановата
должина на мрежата. Дополнителни информации за
SAR може да се најдат кај информација за производот
на www.nokia.com.
Информации за производот и безбедноста 215
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
Авторски права и други
известувања
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООДВЕТНОСТ
Со ова, NOKIA CORPORATION изјавува дека овој RM-632
производ е во согласност со суштинските барања и
другите релевантни одредби од Директивата
1999/5/EC. Копија од Декларацијата за соодветност
може да се најде на http://www.nokia.com/phones/
declaration_of_conformity/.
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
Nokia, Nokia Connecting People и Navi се трговски марки
или регистрирани трговски марки на Nokia Corporation.
Nokia tune е звучен знак на Nokia Corporation.
Останатите имиња на производи и компании спомнати
во овој документ може да се трговски марки или
трговски имиња на нивните соодветни сопственици.
Забранета е репродукција, пренос, дистрибуција или
меморирање на дел или на целата содржина на овој
документ во било каква форма без претходна писмена
дозвола на Nokia. Nokia води политика на
продолжителен развој. Nokia го задржува правото на
промени и подобрувања на кој било од производите
опишани во овој документ без претходно известување.
Java and all Java-based marks are trademarks or registered
trademarks of Sun Microsystems, Inc.
Овој производ е лиценциран под MPEG-4 Visual Patent
Portfolio License (i) за лична и нетрговска употреба во
врска со информации кои се шифрирани во согласност
со MPEG-4 Visual Standard од корисник вработен во
лична и нетрговска активност и (ii) за употреба во
врска со MPEG-4 видеото обезбедено од лиценциран
видео добавувач. Нема дозвола за лиценца или ќе биде
земена во предвид за каква било друга употреба.
Додатни информации, вклучувајќи ги оние поврзани со
промоција, внатрешна и трговска употреба можат да
се добијат од MPEG LA, LLC. Одете на http://
www.mpegla.com.
ДО МАКСИМАЛЕН СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ПРИМЕНЛИВИОТ
ЗАКОН, NOKIA ИЛИ БИЛО КОЈ НЕЈЗИН ДАВАТЕЛ НА
ЛИЦЕНЦА ВО НИКАКВИ ОКОЛНОСТИ НЕМА ДА БИДАТ
ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КАКВА ЗАГУБА НА ПОДАТОЦИ ИЛИ НА
ПРИХОД ИЛИ БИЛО КАКВИ ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ,
ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ ШТЕТИ ШТО НА БИЛО
КАКОВ НАЧИН СЕ ПРИЧИНЕТИ.
СОДРЖИНИТЕ НА ОВОЈ ДОКУМЕНТ СЕ ДАДЕНИ "КАКО ШТО
СЕ". ОСВЕН АКО ТОА НЕ ГО БАРА ЗАКОНОТ КОЈ СЕ
ПРИМЕНУВА, НЕМА ГАРАНЦИИ ОД БИЛО КАКОВ ВИД, БИЛО
ИСТИТЕ ДА СЕ ИЗРЕЧНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ,
ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА
ГАРАНЦИИТЕ ШТО СЕ ПОДРАЗБИРААТ ПРИ ПРОДАЖБА И
СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА, ВО ОДНОС НА
ТОЧНОСТА, ДОВЕРЛИВОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА ОВОЈ
ДОКУМЕНТ. NOKIA ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ГО ИЗМЕНИ
ИЛИ ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ОВОЈ ДОКУМЕНТ ВО БИЛО КОЕ ВРЕМЕ
БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.
Обратниот инженеринг на софтверот во уредот е
забранет до степенот дозволен со применлив закон.
Доколку ова упатство за корисникот содржи какви
било ограничувања на претставувањата, гаранции,