Nokia E5 00 - Возила

background image

Возила
RF сигналите може да влијаат на неправилно

инсталираните или несоодветно заштитените

електронски системи во моторните возила како што се

електронските системи за вбризгување на горивото,

електронските системи за спречување на блокирањето

при кочење, електронските системи за контрола на

брзината и системите на воздушните перничиња. За

повеќе информации, проверете со произведувачот на

Вашето возило или неговата опрема.

Само квалификуван персонал може да го сервисира

уредот или да го инсталира уредот во возило.

Неправилната инсталација или сервис може да бидат

опасни и може да ја направат невалидна Вашата

гаранција. Редовно проверувајте дали целата опрема

на безжичниот уред во Вашето возило е правилно

поставена и правилно работи. Не чувајте или

пренесувајте запаливи течности, гасови или

експлозивни материјали во истиот оддел со уредот,

неговите делови или додатоци. Запомнете дека

воздушните перничиња се надувуваат со огромна сила.

Не ги ставајте Вашиот уред или додатоци на областа за

отварање на воздушните перничиња.

Исклучете го Вашиот уред пред да се качите на авион.

Употребата на безжични телеуреди во некој авион

може да биде опасна за работата на авионот и може да

е незаконска.