Nokia Ovi Suite
Nokia Ovi Suite е пакет на апликации
коишто можете да ги инсталирате на
компатибилен компјутер. Ovi Suite ги
групира сите достапни апликации во
некој прозорец за стартување од кој
можете да ги отворите апликациите.
Ovi Suite може да биде вклучен на
мемориска картичка, доколку таа е
обезбедена со Вашиот уред.
Можете да го користите Ovi Suite за да
ги синхронизирате контактите,
календарот, и задачите и другите
белешки помеѓу Вашиот уред и
некоја компатибилна апликација за
компјутер. Исто така, можете да го
користите Ovi Suite за да зачувате
некои линкови помеѓу Вашиот уред и
компатибилните пребарувачи, и да
префрлувате слики и видео клипови
помеѓу Вашиот уред и компатибилен
компјутер.
Обратете внимание на
прилагодувањата за синхронизација.
Бришењето на податоци како дел од
нормалниот процес на
синхронизација е определен од
одбраните прилагодувања.
За да го користите Ovi Suite потребен
Ви е компјутер којшто користи
Microsoft Windows XP (SP2 или понов)
или Windows Vista (SP1 или понов), и
е компатибилен со некој USB кабел за
податоци или има можност за
Bluetooth поврзување.
Ovi Suite не е компатибилен со
компјутерите на Apple Macintosh.
За повеќе информации на Ovi Suite,
погледнете го вградениот помошник
или појдете на www.nokia.com/
support.
Инсталирање на Nokia Ovi Suite
1 Уверете се дека мемориската
картичка е вметната во Вашиот
Nokia E5-00.
2 Поврзете го USB кабелот. Вашиот
компјутер го препознава новиот
уред и ги инсталира потребните
двигатели за уредот. Ова може да
потрае неколку минути.
3 Одберете
Mass storage
како
режим за поврзување со USB на
Вашиот уред. Вашиот уред е
прикажан во Windows
За почеток 21
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
пребарувачот за датотеки како
отстранлив диск.
4 Со Windows пребарувачот за
датотеки отворете го коренот на
мемориската картичка и
одберете ја датотеката за
инсталација на Ovi Suite.
5 Инсталацијата е започната.
Следете ги инструкциите.
Совет: За да го ажурирате Ovi Suite
или ако имате проблеми со
инсталацијата на Ovi Suite од
мемориската картичка, копирајте ја
датотеката за инсталација на Вашиот
компјутер и инсталирајте го од
компјутерот.