Вметнување на мемориската
картичка
Мемориската картичка можеби е веќе
вметната во уредот. Доколку не е,
сторете го следново:
1 Отстранете го задниот капак и
батеријата, ако е вметната.
2 Придвижете го држачот за
картичка за да го отклучите и
отворете го со вртење.
3 Вметнете ја мемориската
картичка, со контактната област
свртена надолу.
4 Вратете го назад држачот за
картички. Придвижете го
држачот за картички за да го
заклучите.
5 Вратете ја батеријата и задниот
капак.
Користете само компатибилни
microSD картички одобрени од Nokia
за користење со овој уред. Nokia
користи одобрени индустриски
стандарди за мемориски картички, но
некои видови може да не се целосно
компатибилни со овој уред.
Некомпатибилните картички може да
ја оштетат картичката и уредот или
податоците зачувани на картичката.