Nokia E5 00 - Мрежни услуги

background image

Мрежни услуги

За да го користите уредот мора да Ви

биде овозможена услуга од безжичен

оператор. Некои карактеристики не

се достапни на сите мрежи; други

карактеристики може да бараат да

направите некои специфични

договори со Вашиот обезбедувач на

услуги за да ги користите. Мрежните

услуги вклучуваат пренос на

податоци. Проверете кај Вашиот

обезбедувач на услуги за детали за

тарифите во Вашата домашна мрежа

и кога сте во роаминг во други мрежи.

Вашиот обезбедувач на услуги може

да ви објасни кои тарифи ќе се

применат. Некои мрежи може да

имаат ограничувања кои што влијаат

на тоа како можете да користите

некои карактеристики на овој уред

кои што бараат мрежна поддршка

како што е поддршка за специфични

технологии како WAP 2.0 протоколи

(HTTP и SSL) кои што работат на TCP/IP

протоколи и знаци кои зависат од

јазикот.
Вашиот оператор може да има

побарано некои својства да не Ви се

на располагање или да не се

активирани во Вашиот уред. Доколку

е така, тие нема да се појавуваат на

менито на Вашиот уред. Вашиот уред

може исто така да има прилагодени

објекти како што се имиња на менија,

редослед на менија, и икони.