Прилагодувања за сертификат на
доверба
Одберете
Menu
>
Ctrl. panel
>
Settings
и
General
>
Security
>
Certificate management
.
Доверба во сертификат значи дека го
овластувате да проверува веб
страници, e-mail сервери, софтверски
пакети и други податоци. Само
сертификатите на доверба можат да
се користат за проверување на услуги
и софтвер.
Важно: Иако користењето на
сертификати ги прави ризиците во
врска со далечинските конекции и
инсталацијата на софтверот
значително помали, тие мора да се
користат правилно со цел да се има
корист од зголемената безбедност.
Постоењето на сертификати не нуди
заштита сама по себе, сертификат
менаџерот мора да содржи коректни,
автентични или поверливи
сертификати за постоење на
зголемена заштита. Сертификатите
имаат ограничено траење. Ако се
покаже "Сертификатот е истечен" или
"Сертификатот сеуште не е валиден",
и покрај тоа што сертификатот треба
да биде валиден, проверете дали
тековните датум и време во Вашиот
уред се точни.
Пред менување на прилагодувањата
на сертификатот, морате да бидете
сигурни дека навистина му верувате
на сопственикот на сертификатот и
дека сертификатот навистина
припаѓа на наведениот сопственик.
За да ги измените прилагодувањата
на доверба, одберете сертификат и
Options
>
Trust settings
. Скролувајте
158 Безбедност и управување со податоци
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
до полето за апликација, и
притиснете го копчето за скролување
за да одберете
Yes
или
No
. Не можете
да ги измените прилагодувањата на
доверба на личен сертификат.
Во зависност од сертификатот, се
прикажува листа од апликации што
можат да го користат сертификатот.
Symbian installation — Новa
апликација Symbian оперативен
систем.
Internet — E-mail и графики.
App. installation — Нова Java
апликација.
Online certif. check — Онлајн
протокол за статус на сертификат.