Користете VPN конекции во
апликација
Можеби ќе треба да го докажете
Вашиот идентитет кога се
пријавувате на мрежа на
компанијата. Контактирајте со IT
одделот на Вашата компанија за
акредитациите.
За да користите VPN конекција во
апликација, апликацијата мора да
биде поврзана со VPN пристапна
точка.
Совет: Можете да ги конфигурирате
прилагодувањата за конекција на
апликацијата со
Always ask
, во тој
случај можете да одберете VPN
пристапна точка од листата на
конекции кога конекцијата е
воспоставена.
1 Во апликацијата во која сакате да
креирате VPN конекција,
одберете VPN пристапна точка
како пристапна точка.
2 Доколку користите
автентификација на наследство,
внесете го Вашето VPN
корисничко име и реченица за
лозинка или лозинка. Ако
токенот SecurID е надвор од
синхронизацијата со часовникот
на ACE/Server, внесете ја следнава
реченица за лозинка. Доколку
користите автентификација
базирана врз сертификат,
можеби ќе морате да ја внесете
зачуваната лозинка на клучот.