Лиценци
Управување со дигитални права
Сопствениците на содржини може да
користат различни типови на
технологија за управување со
дигитални права (ДРМ; digital rights
management – DRM) за заштита на
нивната интелектуална сопственост,
вклучувајќи ги и авторските права.
Овој уред користи различни типови
на ДРМ софтвер за пристап до
содржини заштитени со ДРМ. Со овој
уред можете да пристапите на
содржини заштитени со WMDRM 10 и
OMA DRM 2.0. Ако одреден ДРМ
софтвер не успее да ја заштити
содржината, сопствениците на
содржината може да побараат
таквата ДРМ софтверска можност за
пристап до новите содржини
заштитени со ДРМ да бидат
повлечени. Повлекувањето исто така
може да спречи обнова на таквата
содржина заштитена со ДРМ веќе во
Вашиот уред. Повлекувањето на
таквиот ДРМ софтвер не влијае на
користењето на содржини заштитени
со друг тип на ДРМ или користење на
содржини незаштитени со ДРМ.